Јаховиќ со два гола го одржа Гецтепе во борба за опстанок во Суперлигата (ВИДЕО)

Гецтепе извојува огромна победа од 2-1 против Газијантеп во турската Суперлига, и тоа со помош на македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ, кој ги постигна двата гола за победничката екипа.

Јаховиќ го отвори резултатот со гол од пенал во 39. минута кога го матираше голманот, а пред самиот крај на првото полувреме искористи одлична топка по контра-нападот на Гецтепе и без пробеми ја затресе мрежата и по вторпат.

На спротивната страна Нијаз го постигна единствениот гол за Газијантеп, но тој не беше доволен на тимот кој се бори за опстанок во лигата.

Ова за Јаховиќ беше четврти гол сезонава во турскиот шампионат, додека Гецтепе се наоѓа на 17. место со 14 бода, односно четири помалку од нивниот денешен противник.