Јаховиќ доби црвен картон, Коњаспор одигра реми со Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ не се прослави против Фенербахче, откако доби црвен картон во ремито на Коњаспор (1-1).

Јаховиќ го нагазна својот противник во 33. минута и тоа скапо го чинеше затоа што судијата му покажа директен црвен картон.

Коњаспор три минути подоцна преку Фофана стигна до 1-0, а во финишот на првите 45 минути Фенербахче израмни преку Жаилсон на 1-1.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра десетина минути во мечот, откако влезе во 84. минута.