Измамник кажал дека потпишал за Јуве и за малку ќе добиел еден куп пари!? (ФОТО)

Постојат многу случаи на измами во светот на фудбалот, а една од нив е дефинитивно таа на Али Диа, кој во минатото му се препорачал на Сандерленд и одиграл 33 минути за нив, но денеска такви измами не се возможни.

Сепак, има и такви храбри „фудбалери“ кои се обиделе да направат успех преку друго име, а еден од нив е Мексиканецот Дионизио Фарид Родригез.

Ова момче има 19 години и се појави на насловните страни во Аргентина и Мексико благодарение на неговиот Инстаграм профил.

Родригез давал автограми во дресот на Јувентус, па се сликал и во нивниот дрес, а напишал дека потпишал за младиот тим и набрзо добил 16.000 фанови на социјалните мрежи.

Неколку луѓе му помогнале да се најде на терените на Јувентус, а Родригез лажел и за голови, асистенции и многу други работи.

Толку ја убедил јавноста, што дури некои компании од Мексико сакале соработка со него, сè додека не го откриле скаутите на „Старата дама“.

Неговиот Инстаграм профил веднаш бил избришан, а со тоа и неговата желба за популарност.