Ивановски од пенал ја потврди победата на Диосѓер (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Мирко Ивановски постигна гол во победата на Диосѓер против Академија Пушкаш (3-0).

Диосѓер доби пенал во 18. минута од натпреварот, а одговорноста ја презема Ивановски, кој без проблеми го совлада противничкиот голман.