Италијанското Калчо ќе се игра секој ден, а ќе има и седум различни термини?

Италијанската Серија А ќе стартува со мечеви на 19 јуни и веќе е познат распоредот на 12-те кола, ама проблем остануваат термините за одигрување на мечеви, откако асоцијацијата на фудбалери (АИЦ) не прифаќа да се игра во попладневни термини, па двата предлози за мечеви од 16.30 или 17 часот се одбиени и сега според италијанските медиуми има – нов распоред.

Наводно во Италија сериозно размислуваат мечеви да има секој ден во седум различни термини, а ниту еден меч да не започне пред 19 часот, што за фудбалската јавност е вест која ги воодушевуа. Но, останува точно да се утврди, кога и како би се играле мечевите, ама повеќе од извесно е дека ритамот среда-недела ќе биде модификуван со тоа што мечевите од колото веројатно ќе се распределат во три дена во доцна попладневни и вечерни термини

Останува сепак да се види како сето тоа ќе го смисли Лега Калчо со носителите на ТВ-права, ама тоа што е сигурно е дека првенството мора да заврши најдоцна до 3 август според планот кој веќе беше објавен.