Италијанското Калчо ќе почне во градот кој најмногу настрада од коронавирусот!

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 19 јуни со натпреварот меѓу Аталанта и Сасуоло, во градот Бергамо кој беше епицентар на пандемијата на коронавирус во Италија.

Инаку, Сасуоло ќе го одигра првиот меч по продолжувањето на сезоната, со оглед на тоа дека овој тим го одигра и последниот натпревар пред сезоната да биде прекината.

Првично е соопштено дека Серија А ќе продолжи на 20 јуни, но сепак таа ќе стартува еден ден порано од планираното.

На 20-ти и 21-ви јуни ќе се одиграат преостанатите натпревари од 25. коло меѓу Интер-Сампдорија, Торино-Парма и Верона-Каљари, додека мечевите од 27. коло ќе се одигра од 22 до 24 јуни.

Сезоната во Италија би требало да заврши на 2 август.