Италијански режисер ќе снима филм за животот на Михајловиќ

Италијанскиот режисер Џузепе Пупи Авати, наводно, сака да сними филм за српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој во моментов се лекува од леукемија.

„Стори“ пишува дека во текот на кариерата Авати снимил само еден спортски филм, кој немал голем успех, но сакал да ризикува со Михајловиќ, со тоа што би снимил детали од целиот живот на Србинот.

„Кога слушнав за Синиша и јас се разболев. Тешко ми падна таа вест, но сигурен сум дека ќе победи во борбата, сите се молиме за него“, кажал режисерот.

Режисерот се прослави со хорор филмови и важи за еден од најдобрите во тој жанр.