Италијанците го пронајдоа „новиот Дибала“ во Иран (ВИДЕО)

Италиајнските медиуми денеска пишуваат за малото дете од Иран, Амир Мохамад Аламех, кој има одлични фудбалски вештини, а негов омилен клуб очигледно е Јувентус.

Ова 10-годишно дете живее во Иран во едно иранско градче во кое владее сиромаштијата, но Амир и во тешките услови има причини за оптимизам и среќа.

Негов идол е аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала, кој веќе со години го предводи тимот на „Старата дама“, а Амир ги копира сите негови потези од теренот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое детето постигнува гол и го прославува тоа со познатиот потег на Дибала.

„Тоа е маска на гладијатор! Кога се мачиме мора д апронајдеме внатрешна сила на војник а да бидеме посилни, но не смееме да ја загубиме насмевката“, го објасни Дибала својот потег пред одреден период.

Амир на гостување на една иранска телевизија кажа дека сонува од дете да замине во Италија и да ги запознае своите идоли, па можеби еден ден ќе му се исполни сонот.