Историјата се повторува: Најдобриот фудбалер на Шалке потпиша за Баерн Минхен

Сите најдобри фудбалери од Бундеслигата, кога - тогаш на крајот завршуваат во редовите на Баерн Минхен. Последен во низата е Леон Горецка од Шалке.

Спортскиот директор на Шалке, Кристијан Хајдл потврди дека германскиот репрезетативец на крајот од сезоната си заминува од Гелзенкирхен и кариерата ја продолжува во Минхен.

Неговиот договор со Шалке истекуваше летово и по пет години реши да оди во најтрофејниот германски тим како слободен фудбалер ова лето.

Горецка има 12 настапи за германската репрезентација и шест постигнати голови. Игра во средниот ред и се работи за еден од најдобрите германски фудбалери во моментов.