Инвеститори од Хонг Конг нудат богатство за да го купат Интер!?

Италијанските медиуми пишуваат дека инвеститори од Хонг Конг имале преговори со сопствениците на Интер за да го купат нивниот клуб.

Сунинг групацијата ја одбиле првата понуда од Хонг Конг, но наводно во тек е подготовка на многу поголема. Станува збор за сума од 800 милиони евра, која би требало да ги натера сегашните сопственици да го продадат клубот.

Сепак, останува прашањето дали Жанг Јиндонг е подготвен да го продаде Интер, откако италијанскиот гигнат почна да се враќа на вистински пат.

Да потсетиме, „нераѕурите“ неодамна добија нов директор Бепе Марота, кој е познат по неговите фантастични потези од Јувентус, па сега би можел да го направи италијанскиот клуб конкуренција на „старата дама“.