Интер со очаен настап, Сасуоло освои бод на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер освоија само бод во мечот против Сасуоло (0-0) во 20. коло од италијанската Серија А.

Домаќините се обидуваа да постигнат гол во првото полувреме, но не успеаа во своите намери, па неколку пати можеа да бидат казнети од гостите, но за нивна среќа ја зачуваа мрежата.

Мауро Икарди и соиграчите со овој бод останаа на третата позиција, но секако дека сите сакаа победа, иако на крајот не ја добија.