Интер се спаси од пораз, Наполи и Јувентус најмногу се израдуваа (ВИДЕО)

Интер и Рома ремизираа вечерва на „Џузепе Меаца“ со 1-1 во дербито од 21-то коло во Серија А, по што Наполи и Јувентус се најрадосни од оваа разврска во дерби-пресметката на другите два конкуренти за највисок пласман.

По победата на Наполи, сега лидерот му избега 11 бода на Инетер, кој вечерва во завршницата се спасуваше од пораз, па оваа двоцифрена разлика практично става крај на надежите на „нераѕурите“ во трката за скудетото, иако пред само два месеци беа на самиот врв. Без надежи полека останува и Рома, која со новите два загубени бодови, иако водеше со гол на Стефан Ел Шарави од 31-та минута, сега имаат дури 14 бода помалку од наполитанците.

Вечино на четири минути пред крајот го спаси Интер од пораз, но со тоа не прекина лошата серија од шест меча без победа во низа, од кои пет во Серија А и една во Купот на Италија и елиминацијата од Милан.

Интер со овој бод падна на четвртото место, но има ист број бодови како третиот Лацио, а Рома остана петопласирана со три бода помалку од овој двоец. Наполи со 54 е лидер, а Јувентус со 50 и меч помалку е на второто место.