Интер се пофали со новото засилување - од Челси (ФОТО)

Во наредните шест месеци, Виктор Мозес ќе го заработува својот лев во Италија, во редовите на Интер.

Тоа што се шпекулираше последниве неколку денови, сега доби и официјална потврда. Миланскиот клуб потврди дека нигерискиот крилен играч пристигна на шестмесечна позајмица со опција за откуп на крајот од сезоната.

Дваесет и деветгосишниот фудбалер е член на Челси, но првиот дел од сезоната го мина на позајмица во Фенербахче, каде одигра само шест натпревари и запиша еден гол.

Мозес беше желба на Антонио Конте, кој го тренираше овој фудбалер додека ги го предводеше тимот од Лондон.