Интер „пред нос“ и краде фудбалер на Барса! (ВИДЕО)

Интер сезонава ја оствари примарната цел, а тоа е пласманот во Лигата на шампиони кои го изборија тек во последното коло. Од „нероаѕурите“ се очекува да бидат активни на трансфер пазарот, а според последните информации тие се блиску во Милано да го донесат младиот фудбалер на француски Сошо, Лусиена Агоумеа.

Овој фудбалер беше голема желба на Барселона, но по се изгледа овој фудбалер го одбрал Интер како негова следна дестинација. Интер за него ќе плати шест милиони евра, а клубот од „Џузепе Меаца“ постигнал договор и со младиот фудбалер. Агоумеа само што наполни 17 години, а во Франција го споредуваат со Пол Погба.