Интер потврди: Лукаку вечерва пристигнува во Милано

Ромелу Лукаку вечерва ќе слета во Милано, а утре треба да ги одработи медицинските прегледи пред да потпише договор со Интер на една година. 

Белгиецот се враќа назад на „Џузепе Меаца“ по само една година откако направи трансфер од 115 милиони евра во Челси. Не се снајде најдобро во синиот дрес и сега повторно ќе игра за „нераѕурите“ и тоа како позајмен играч.

„Лукаку најверојатно вечерва ќе пристигне во Милано“, рече директорот на Интер, Џузепе Марота.

Интер ќе плати 7 милиони евра за едногодишната позајмица на Лукаку и ќе му плаќа 7,5 милиони евра плата, половина од она што го заработува во Челси.