Интер по примерот на Јуве – ќе ангажира „ѕвезди“ за џабе!?

Италијанците дефинитивно знаат да направат добри трансфери, а лидер во тоа е Јувентус, кој направи неколку големи трансфери за џабе.

Сега, по нивниот пример ќе тргне и Интер, кој минатото лето ги ангажираше Стефан Де Фрај и Квадво Асамоа и Стефан Де Фрај, а размислуваат и за наредното лето.

„Тутоспорт“ пишува дека наредните нивни желби се наоѓаат во Манчестер јунајтед, а станува збор за Ентони Марсијал и Матео Дармијан.

На нив им завршуваат договорите на крајот на сезоната, а не се во плановите на Жозе Мурињо, па најверојатно ќе си заминат од „Олд Трафорд“.

Ова не се единствени имиња кои би можеле да пристигнат на „Џузепе Меаца“. Во игра се уште и Анхел Ди Марија, Адриен Рабио, Алфонсо Ареола, Мануел Фернандеш, Андер Ерера, Муса Дембеле, Тоби Алдервејрелд, Арон Ремзи и Филипе Луис.

„Нераѕурите“ би биле воодушевени доколку некој од овие играчи стигнат во Милано, но за тоа не одлучува само Интер.