Интер по Хакими купува уште еден бек

Интер направи огромна зделка ангажирајќи го Ашраф Хакими како засилување на десната бековска позиција, но Антони Конта планира и нов играч на спротивната страна.

Англиските медиуми шпекулираат дека Интер ќе се обиде да дојде до Емерсон Палмиери во Челси. Левиот бек не е прв избор на менаџерот Френк Лампард, па нема да му прави проблем да си замине.

Всушност Челси се во потрага по нов лев бек, а на врвот на нивната листа на желби е Бен Чилвел од Лестер. Емерсон во Челси дојде од Рома, а воедно настапува и за италијанската репрезентација. За Рома играше од 2015 до 2018 година, а претходно една сезона беше дел и од Палермо.