Интер останa без Лаутаро Мартинез за миланското дерби

Лаутаро Мартинез доби суспензија од два натпревари поради црвениот картон, што го заработи со Калјари изминатиот викенд во рамки на Серија А. 

Аргентинецот беше исфрустриран поради исклучувањето и му се нафрли на главниот судија. Поради ова неговата суспензија е два натпревар, а не само еден. Голгетерот нема да може да му помогне на својот тим против Удинезе, но и на големото градско дерби против Милан.

Лаутаро Мартинез покрај суспензијата од два натпревари ќе мора да плати и парична казна од 15.000 евра.