Интер одбил 100 милиони евра и Маркос Алонсо за да му го даде Лукаку на Челси

Италијанскиот шампион Интер одбил неверојатна понуда од 100 милиони евра плус левиот бек Маркос Алонсо за да го продаде белгискиот ѕвер Ромелу Лукаку во Челси, објави „Скај Италија“.

Откако Лукаку одигра извонредни две сезони, а Интер веќе подолго време мака мачи со финансиите откако кинеската компанија Сунинг која е мнозински акционер претрпе голема штета поради пандемијата со коронавирус, во Челси се понадевале дека може да ги убедат „нераѕурите“ за да им го земат Белгиецот, ама ни екстра привлечна понуда не ги убедила за такво нешто.

Лукаку беше во Челси уште во 2011 година кога за 15 милиони евра беше купен од Андерлехт, но одигра само 15 меча, па за двојно повеќе беше продаден во Евертон, потоа играше за Манчестер јунајтед кој плати 84 милиони евра а пред две години дојде во Милано за 74 милиони евра.

Белгискиот ѕвер е еден од најдобрите напаѓачи во моментов.