Интер не се ни загреа и веднаш проблеми: Се повреди Наинголан!

Само што почнаа подготовките, Интер веднаш се соочи со проблеми и тоа со еден од фудбалерите кои дојдоа на голема врата - Раџа Наинголан.

„Нераѕурите“ вечерва играа пријателски натпревар со Сион, во Швајцарија и загубија со 0-2. Меѓутоа, повеќе од поразот боли загубата на Раџа Наинголан, кој беше стартер, но излезе од игра во 24. минута.

Не е познат степенот на неговата повреда, но само се фатил за бутниот мускул и не можел да продолжи, па се преселил на клупата. 

Наинголан дојде во Интер од Рома за 24 милиони евра и треба да биде едно од поголемите засилувања за сезоната во која миланските сино-црни ќе се вратат во Лигата на шампионите.