Интер не може без Лукаку: Парма извлече реми на гостувањето во Милано! (ВИДЕО)

Интер беше непријатно изненаден сред Милано, откако одигра 2-2 против Парма во шестото коло од италијанската Серија А.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, Жервињо во вториот дел двапати ја затресе мрежата на Интер во рок од 16 минути (2-0), по што Брозовиќ намали на 1-2. А во последните минути од средбата Перишиќ израмни на 2-2.

Избраниците на Антонио Конте очигледно не можат без Ромелу Лукаку во нападот, па по шест одиграни меча се наоѓаат на петто место со 11 бодови додека Парма е на 15. позиција со шест бодови.