Интер ќе „жртвува“ една од ѕвездите, Тотнем и Сити веќе се на „готовс“!

Потребата да ги средат сметките, односно да не бидат во минус, ги примора челниците на Интер да продадат една од ѕвездите во следниот летен преоден рок, нешто што во минатото го направија со Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку.

Изборот овој пат падна на Алесандро Бастони, за кого повеќе клубови се заинтересирани да го ангажираат. Во моментов најзагреан е Тотнем, чиј тренер Антонио Конте нема да жали пари за да го ангажира одличниот дефанзивец, а во игра е и Манчестер Сити.

Неофицијално, најниската сума за која Интер би го продал Бастони изнесува 60 милиони евра.