Интер, Јувентус и Милан се заинтересирани за соиграчот на Елиф Елмас

Италијанските медиуми веќе со денови пишуваат за хаосот кој се случува во редовите на италијанскиот гигант Наполи, во чии редови е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Тимот од Неапол се соочи со неочекувани проблеми оваа сезона. По серијата слаби резултати, на претседателот Аурелио Де Лаурентис „го пукна филмот“ па им нареди на играчите да останат една недела во карантин. Сепак, тие не го испочитуваа тоа и си отидоа дома, а како главни виновници за таквата одлука се споменуваат Хозе Каљехон и Дрис Мертенс.

Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека ова дополнително го налутило Де Лаурентис, кој решил да се ослободи од нив, односно да не им понуди нов договор, бидејќи сегашниот истекува следното лето.

Ова значи дека Наполи уште во јануари ќе треба да ги продаде доколку сака да заработи од нив или во спротивно нема да доние ниту евро на крајот од сезоната. Веќе се појавија првите клубови кои го посакуваат Мертенс во јануари. Прво се пишуваше дека за Белгиецот е заинтересиран Интер, но сега, во оваа трка се вклучија и Милан и Јувентус.

Доколку се случи тоа, Де Лаурентис ќе мора експресно да донесе замена за нив.