Интер ја освои Џенова: Пандев одигра 90 минути против поранешниот тим (ВИДЕО)

Интер славеше со 2-0 на гостувањето кај Џенова во рамки на 5.коло во Серија А. 

„Нераѕурите“ го скршија отпорот на домаќинот по 64 минути игра. Ромелу Лукаку реализираше по убавото додавање од Николо Барела. За голгетерот ова е десетти гол на последните девет натпревари за Интер и Белгија.  Тоа воедно беше и првата посериозна шанса за фаворитот. Конечните 0-2 ги постави Данило Деамброзио во 79-тата минута. 

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го одигра целиот натпревар за домашниот тим.