Интер испрати фантастична порака до Меси (ФОТО)

Интер изненади во првите две кола во Лигата на шампиони, откако ги победија Тотнем и ПСВ, но сега ги очекува најтешкиот противник и гостувањето кај Барселона, која се соочува со проблеми бидејќи им се повреди најголемата ѕвезда Лионел Меси.

Аргентинецот ја повреди раката на дербито против Севилја и по 20 минути игра мораше да излезе од теренот, а Каталонците потврдија дека Меси ќе биде надвор од терените најмалку три недели и ќе го пропушти дуелот против „нераѕурите“.

Сепак, по соопштението на Барселона, се јави и Интер на социјалните мрежи со одлична порака за еден од најдобрите играчи во светот.

„Жал ни е поради твојата повреда и поради фактот дека нема да може да играме против тебе за неколку дена. Секогаш ни беше чест да настапуваме против најдобрите“, порачаа од италијанскиот гигант.