Интер нуди 35 милиони евра само за да се смири со Икарди и Ванда!

Управата на милански Интер ќе му понуди на Мауро Икаради, сменетиот капитен на тимот, нов договор со важност до 2024 година вреден седум милиони евра по сезона.

„Неразурите“ со овие 35 милиони евра сакаат да стават крај на кавгата со својот најдобар напаѓач и со неговата сопруга Ванда, односно да ја смири тензијата која и тоа како му штети на целиот тим. Понудата е само еден милион „пократка“ од тоа што овој двоец го побара од Интер, поради што е за очекување дека таа ќе биде прифатена.

Единствен проблем може да биде барањето да се тргне откупната клаузула од 110 милиони евра, која важи секое лето во периодот помеѓу 1 и 15 јули или, пак, таа да биде намалена. Причина за ова е големиот интерес за Икарди од екипи како Челси, Реал Мадрид и Јувентус, кои би сакале да го видат во своите редови.