Интер и Аталанта во ЛШ, Џенова и Пандев се спасија од испаѓање (ВИДЕО)

Аталанта и Интер обезбедија пласман во Лигата на шампиони откако вечерва стигнаа до исклучително важни победи во рамки на последното коло во Серија А.

Аталанта иако губеше со 0-1 од Сасуоло, успеа да направи пресврт и да слави со 3-1 за да го запечати третото место на табелата за прв историски пласман во елитата. Интер славеше 2-1 против Емполи и дојде до ЛШ со судни маки, бидејќи гостите се бореа за опстанок. Во финишот од натпреварот Емполи имаше два зицери за израмнување, но голманот Самир Хандановиќ и Де Амброзио го спасија домашниот тим. Емполи од следната сезона ќе игра во Серија Б. 

Милан џабе победи со 3-2 на гости кај СПАЛ, а истото важи и за Рома против Парма од 2-1. Овие два тима ќе играат во Лигата на Европа следната сезона, односно „росонерите“ во групната фаза, а „волчицата“ во квалифиакциите.

Џенова одигра без голови пред своите гледачи против Фиорентина и обезбеди опстанок и тоа поради поразот на Емполи на гости кај Интер. Горан Пандев играше од почеток до 85-тата минута.