Инцидент на тренингот на Фенербаче – фудбалер од зад грб го „патосира“ Мурињо (ВИДЕО)
Причина за судирот беше одлуката на португалскиот стратег да носи облека идентична на играчите, што придонело да биде случајно турнат од Јуксек додека го следел движењето на топката. Мурињо самиот ја сподели ситуацијата на својот Инстаграм профил и тоа со шеговита порака.
„Лекција за сите млади тренери – никогаш не носете опрема истите бои како фудбалерите. Можат да ви ја додадат топката или да ве удрат одзади“, напиша Португалецот додавајќи емотикони за смеење и гнев.
Пораката на Мурињо предизвика реакции од многу негови поранешни играчи, меѓу кои и Џон Тери и Немања Матиќ. Србинот, пак, шеговито искоментира: „Заслужено“.