Инцидент на „Бернабеу“: Лопетеги едвај го спречиле да се степа со судиите

Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги направил сцена на полувремето на мечот против Реал Мадрид во шпанската Ла Лига.

Поранешниот тренер на „кралевите“ не можел да ги прифати лесно случувањата на теренот, па поради тоа бесот го „истурил“ на судиите, поради тоа што беше поништен погодок на Севилја.

„Ова е срамно“, викал Лопетеги, а поголем инцидент спречил директорот Мончи.

Севилја по поразот остана на четвртото место со 35 бодови, додека Реал Мадрид е прв со осум бодови повеќе.