Илиев промовиран во Серед, Арсенал му посака – многу среќа и да види голем напредок! (ФОТО)

Макеоднскиот репрезентативен голман Дејан Илиев денеска и официјално беше промовиран за нов фудбалер на словачки Серед, чиј кормилар е македонскиот тренер Славчо Војнески. Илиев доаѓа во Серед на едногодишен заем од лондонски Арсенал.

Струмичанецот лани го продолжи договорот со Арсенал, но се реши да замине на заем за да има минутажа и константно да брани, сооглед дека во првиот тим на „топчиите“ не е во прв план, а бранеше за резервниот состав.

„Дојдов во квалитетен шампионат како словачкиот и тука сум да помогнам клубот да ги реализира своите цели и амбиции“, рече Илиев на промоцијата.

На македонскиот голман среќа му посака неговиот матичен Арсенал, кој објави дека го испрача на едногодишен заем во Серед.

„Сите во Арсенал му посакуваат на Дејан сѐ најдобро во новата сезона со Серед и посакуваме да видиме дека напредокот продолжил“, објави меѓудругото лондонскиот премиерлиигаш.

Илиев во Арсенал во минатата сезона беше трет голман зад Петер Чех кој замина летово во пензија и Бернд Лено.