Икарди заминува од Интер: Четири гиганти заинтересирани за голгетерот

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди е во немилост на управата на италијанскиот клуб, па најверојатно на лето ќе го напушти клубот од Милано.

„Спорт Медиасет“ пренесува дека за Аргентинецот интерес покажале четири клубови, односно два од Англија и два од Шпанија.

Аргентинецот има договор до 30 јуни 2021 година, но интерес за него покажале Јувентус, Наполи, Реал Мадрид и Челси.

Италијанските медиуми пишуваат дека најдобриот голгетер на „нероаѕурите“ бил казнет затоа што не ги коментирал критиките на неговата сопруга, Ванда Нара.