Икарди останува во Интер, доби нов број!

Италијанските медиуми денес пишуваат дека поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди одлучил да остане во клубот од „Џузепе Меаца“.

Аргентинецот беше на излезна врата од тимот, но во Италија денес се пишува дека најверојатно ќе остане дел од „нероазурите“.

Новиот тренер Антонио Конте веќе објави дека нема да смета на него, па затоа пред една недела пристигна Ромелу Лукаку од редовите на Манчестер Јунајтед. Белгиецот го доби бројот 9, кој досега го носеше Икарди, а напаѓачот на „нероазурите“ беше поврзуван со тимот на Јувентус, но двата клуба не се договорија.

Како резултат, Мауро Икарди останува на „Џузепе Меаца“ за време на новата кампања. Тој го побара бројот 7 и изненадувачки, шефовите на тимот му дозволија да го земе.