Икарди ѝ рече „не“ и на Ванда - Аргентинецот нема да му биде соиграч на Елмас

Италијанските медиуми вчера објавија дека Интер и Наполи се договориле за трансфер на Мауро Икарди, по што требаше неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара да замине на преговори во Неапол, сепак Аргентинецот има јасна желба за својата иднина.

Според последните информации, Икарди одбил да се пресели во Наполи, кој му нудел седум милиони евра годишно, плус права од маркетинг, кои не мора да ги дели со новиот клуб.

Неговата сопруга се обидела да го убеди, па имала и состанок со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, но Аргентинецот го кажал последниот збор.

Икарди сака да се пресели во Јувентус, а доколку не се случи тоа, тогаш фантастичниот напаѓач ќе остане во тимот на Интер, кадешто добива плата од 4,5 милиони евра.

Очигледно Икарди не се брза никаде, па наводно сака да почека до јануари, кога се очекува и официјална понуда од Јувентус за неговите услуги.