Икарди и официјлно потпиша за ПСЖ (ФОТО)

Францускиот шампион Пари Сен Жермен и официјално го откупи Мауро Икарди од Интер. Тој ќе остане во редовите на францускиот гигант до 30 јуни 2024 година.

Како што се пишуваше изминатите неколку дена Икарди ќе остане во Париз како замена за Единсон Кавани, кој заминува како слободен играч.

ПСЖ плати 58 милиони евра за услугите на Икарди, објави Интер.

Икарди пристигна во Интер од Сампдорија во 2013 година за 13 милиони евра, а за овој клуб постигна 124 голови на 219 натпревари.

Фудбалскиот клуб Интер издава соопштение за трансферот на Мауро Икарди во ПСЖ. Клубот му се заблагодарува на фудбалерот за одличните шест сезони поминати во Интер и му посакува се најдобро во иднина, се вели во соопштението на Интер.