Икарди и Мбапе го преслушаа Олимпик Марсеј за едно полувреме (ВИДЕО)

Во Франција повеќе нема вистинско „Ле Класик“ дерби помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј. Актуелниот првак лесно го преслуша својот лут ривал и вечерва на „Паркот на принцовите“ во рамки на 11.коло во Лига 1 славеше со 4-0. 

Мауро Икарди и Килијан Мбапе со по два гола во првото полувреме го решија натпреварот. Прво Аргентинецот реализираше два пати во 10-тата и 26-тата минута, па потоа на сцена стапи и младиот Французин со своите голови во 32-та и 44-тата минута и двата постигнати по асистенција на Анхел ди Марија.