Икарди херој на „нераѕурите“: Интер го прескокна Јувентус (ВИДЕО)

Аргентинската ѕвезда на Интер, Мауро Икарди вечерва беше херој на миланскиот калчолигаш, па со два гола ги водеше до четврта победа во последните шест меча и со тоа „нераѕурите“ го прескокнаа првакот Јувентус за да запоседнат на втората позиција.

Икарди постигна по еден гол во двете полувремиња против Аталанта (2-0), за Интер да стигне до својата десетта победа сезонава, со која се искачи на второто место на табелата со само два бода помалку од лидерот Наполи, а исто толку пред шампионот Јувентус.

Интер и Наполи остануваат единствените две непоразени екипи на третина од првенството.