Ихеаначо му обезбеди финале на Лестер во ФА-купот (ВИДЕО)

Лестер го совлада Саутемптон со 1-0 во полуфиналето на ФА-купот, па за трофејот ќе се бори против Челси, кој вчера беше подобар од Манчестер сити со 1-0.

„Лисиците“ постигнаа гол за триумф во 55. минута, откако Ихеаначо успеа да го пронајде патот до мрежата на Форстер, иако неговиот прв удар беше изблокиран од дефанзивците.

Финалето во ФА-купот меѓу Лестер и Челси е закажано за 15 мај.