Игуаин полудe на тренингот на Челси: Се испокара со тренерите (ВИДЕО)

Нешто многу го налути Гонзало Игуаин на еден тренинг на Челси. Аргентинецот беше забележан како се расправа со стручниот штаб на Маурицио Сари. 

Голгетерот во нервоза зема една топка и ја рогна најсилно што можеше, а останатите фудбалери се чудеа. Игуаин создава лоша атмосфера во тимот пред финалето во Лигата на Европа против Арсенал.