Игуаин може повторно да се врати на Островот, има интерес од два тима!

Факт е дека Гонзало Игуаин е надвор од посакуваната форма и пред пандемијата на коронавирусот, а не пак сега. Но, и покрај тоа постојано добива понуди од големите фудбалски гиганти.

Овој пат тој е на радарот на два англиски клуба, Според „Тутоспорт“, за него интерес покажале Волверхемптон и Њукасл. Триесет и две-годишниот напаѓач веќе играше во Премиер лигата со екипата на Челси, но не успеа да го покаже својот квалитет, па беше вратен во Милан. Сега може да добие втора шанса за блесок на Островот.

Во овој момент, се чини речиси сигурно дека Игуаин ќе го напушти Јувентус во текот на летото. Во Торино бараат помлад и поперспективен играч да го води нивниот напад во наредните сезони и се очекува Аргентинецот да биде продаден, што беше всушност и минатото лето.

Освен Англија, во САД се заинтересирани за напаѓачот, како и неговиот прв клуб, Ривер плејт.