Играше за резервите на Динамо Загреб, а на лето прави мега-трансфер во Англија

„Еуроспорт“ објави дека 22-годишниот стопер Габриел договорил трансфер од 35 милиони евра во Челси, откако сезонава играше одлично во дресот на Лил и така привлече интерес од Премиерлигата.

Габриел блесна во дресот на Лил каде што стигна од вториот тим на Динамо Загреб за 600.000 евра, па француската екипа на неговиот трансфер ќе заработи големо богатство.

Челси следното лето ќе прави ремонт на екипата, посебно во одбраната којашто не е на посакуваното ниво.