Играш на „Енфилд“, а потоа на ораница: „Теренот беше катастрофа“

Сади Мане со репрезентацијата на Сенегал успеа да ги мине квалификациите и да обезбеди пласман на Купот на Африкански Нации, тоа е најголем собир на најдобрите африкански селекции.

Селекцијата на Сенегал во последното коло од квалификациите го совлада Мадагаскар, а по натпреварот Мане беше разочаран од состојбата на теренот.


„Најважно е тоа што земавме три бода, среќни сме со резултат, иако не беше наш најдобар меч. Сега сме лидери на групата и тоа е најважно. Ситуацијата со теренот не е добра, земја како што е Сенегал мора да го подобри теренот“, изјави Мане