Играчот кој му даде четири гола на Вардар оди кај Мурињо!

Екипата на Тотнем е многу блису до потпис со играчот на Реал Сосиедад, Вилијан Жозе, пренесуваат шпанските медиуми. Напаѓачот, кој наскоро ќе пристигне во Лондон, треба да биде замена за повредениот Хари Кејн.  

Кејн се здоби со сериозна повреда, па мораше да оди на операција и да го санира оштетувањето на задната ложа, поради која ќе паузира околу четири месеци. Токму поради ова сезоната за него е практично завршена, па менаџерот Жозе Мурињо и Тотнем бараат нов голгетер.

Веке некое време се поврзуваат неколку имиња како замена за Кејн, но очигледно изборот паднал на Вилијан Жозе, за кого Тотнем ќе плати сума не помала од 50 милиони евра, со оглед на неговата откупна клаузула од 17 милиони евра.

Инаку, Жозе е добро познат на македонската фудбалска јавност, откако со екипата на Сосиедад гостуваше во Скопје на натпревар од Лигата на Европа и на Вардар му даде четири гола во убедливата победа од 0-6.