Играчите на Малага кубат коси, од авион се виде дека е кражба, но - Барса води! (ФОТО+ВИДЕО)

Барселона поведе во мечот со Малага уште по неполни две минути игра, но голот беше нерегуларен. Тоа можеме да го кажеме сите кои на телевизија ја видовме акцијата на Дињ и на Делофеу, веројатно и многу од луѓето на „Кам ноу“, само судијата - не!

Лука Дињ се пробиваше по левата страна, но пред да центрира во петерецот отиде предалеку, па топката очигледно му излезе надвор од теренот, во гол-аут.

Дури и фудбалерите на Малага застанаа, кога Делофеу непречено си погоди во мрежата. Судијата покажа дека е гол, а не помогнаа ни жестоките реакции на гостите.