„Играчите на Арсенал се кукавици, играат срамно, а стануваат уште полоши!“

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер не штедеше критики на сметка на играчите на Арсенал, кои ги нарече кукавици, а за пласманот во најдобрите четири кажа дека може да го сонуваат.

Фудбалерот, кој играше 17 години за „црвените“ вели дека Арсенал едноставно не е доволно добар во споредба со останатите во Англија, па подобро им било да се обидат да ја освојат Лига Европа.

„Секогаш ми бил сомнителен менталитетот на Арсенал, но на крајот изгледаа дека се добри. Сега освен што се сомневам во нивниот менталитет, сигурен сум дека не се доволно добри. Всушност, тие со тек на времето стануваат сѐ полоши. Минатата сезона ги нареков кукавици и изгледаше тоа дека се силни зборови, но кога ќе ја погледнете нивната игра, ќе сфатите дека сум во право. На 26 гостински натпревари имаат само 26 бодови и тоа е срамно“, жестоко „распука“ Карагер.

Со острите критики на Карагер се сложи и Анри, кој верува дека неговиот поранешен тим може да ја спаси сезоната само со освојување на европски трофеј.