Игало нема да продолжи во Манчестер - на 30 мај се враќа во Кина

Одион Игало импресионираше во дресот на Манчестер јунајтед по позајмицата оваа зима од кинескиот клуб Шангај Шенуа.

Голгетерот одлично се вклопи во тимот за кој навива од детството, но и покрај фактот што клубот сака да го задржи на подолго, тој ќе мора да се врати во Кина. Неговиот договр за позајмица истекува на 30 мај, односно оваа недела, а преговорите помеѓу Јунајтед и Шангај не вродија со плод, фудбалерот да остане во Англија.

Шангај инсистира да го има Игало назад во тимот пред продолжувањето на сезоната, но желбата на фудбалерот е и натаму да игра за Јунајтед. Работите може да се променат во последен момент, но барем засега изгледа дека Игало се враќа во Кина. 

Нигериецот одигра само осум натпревари за „ѓаволите“ во сите конкуренции и постигна четири погодоци.