Ич не му оди од доаѓањето во Барса: Каталонска ѕвезда казнета со речиси милион евра!

Чилеанската ѕвезда Артуро Видал, кој летово ја засили Барселона со доаѓањето од Баерн Минхен, никако по добро да му тргне во новата средина. Фудбалски не добива многу шанса, направи еден циркус на „Инстаграм“ со навреда за каталонската гордост, па најави дури и дека ќе си замине. И сега од Минхен му дојде една солена честитка – треба да плати речиси еден милион евра.

Судот во Баварија го казнил Видал поради една тепачка во која учествувал пред ноќен клуб во Минхен, додека сè уште бил член на Баерн. Поради дивеење и физичка пресметка, Чилеанецот е казнет со 80 дневници по 10.000 евра или вкупно – 800.000 евра.

Видал не присуствувал на донесувањето на пресудата, затоа што имал обврски кон чилеанската репрезентација, па сооглед дека оправдано бил отсутен, судијката го прифатила образложението за неговото непојавување на суд. Покрај Артуро, казна од 18.000 евра добил и неговиот полубрат Сандрињо.

Овие двајца биле прогласени за виновни и за физички напад, како и за нанесување телесни повреди во тепачката на 17 септември лани во минхенскиот „Краунс клуб“. Како што објави судот, двајцата се виновни дека ги натепа ле своите жртви, удирајќи ги во пределот на градите и во главата. Нападот патем бил снимен од надзорни камери.

Сега Чилеанците имаат право на жалба на оваа одлука во рок од 14 дена.