Ибрахимовиќ се враќа во шведската репрезентација по пет години

Голгетерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ повторно ќе го облече дресот на репрезентацијата на Шведска и тоа за време на мартовските натпревари во квалификациите за Светското првенство 2022 година. 

Шведските медиуми се повикуваат на неколку извори дека ветеранот повторно ќе добие повик за настап во националниот тим и дека со задоволство ќе прифати да игра за селекторот Јане Андерсон. 

Ибрахимовиќ би се вратил во шведскиот дрес по пауза од пет години. Скандинавската селекција месецов има три натпревари во квалификациите против Грузија, Косово и Естонија. 

Неговиот последен натпревар за Шведска беше на ЕП 2016 година. Досега на 116 настапи е рекордер во историјата на оваа репрезентација со 62 гола.