Ибрахимовиќ се враќа во Серија А и му станува соиграч на Елмас!?

Златан Ибрахимовиќ постојано се поврзува со многу европски клубови, иако има 38 години, но тоа не му пречи за да игра одлично и да привлече интерес.

Ибрахимовиќ се поврзуваше со Интер и Милан, а сега претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис реши да го поврзе со својот клуб.

„Го запознав како обична личност во Лос Анџелес. Поминавме неколку дена во друшење, му се јавив и бевме со семејството на вечера. Желба ми е да дојде во нашиот клуб, но тоа зависи од него“, кажа првиот човек на Наполи.