Ибрахимовиќ се двоуми меѓу два клуба - Милан или Јунајтед!

Се почести се шпекулациите дека шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ својата кариера ќе ја продолжи во некој од европските гиганти, а како главни фаворити за неговиот потпис се споменуваат тимови за кој играше во минатото.

Популарниот Ибра најпрвин го преселија во Болоња, се спомнуваа и други клубови од Италија. Потоа се појави информација дека се договорил со Милан, сега и Манчестер Јунајтед влегува во игра. Ибрахимовиќ со клубот Лос Анџелес Галакси има договор до крајот на декември.  

Напаѓачот кој има 38 години, од 2010 до 2012 беше член на „росонерите“, а од 2016 до 2018 година беше во редовите на „црвените ѓаволи“.