Ибрахимовиќ откри што бил проблемот меѓу Погба и Мурињо

Фудбалерот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ, неодамна во медиумите објасни што бил проблемот меѓу Жозе Мурињо и Пол Погба.

По заминувањето на Мурињо од Манчестер, „ѓаволите“ се препородија и запишаа седум победи по ред.

„Постојат фудбалери, кои сакаат слобода. Очигледно Мурињо има своја тактика, но има фудбалери на кои тоа не им одговара. Погба не чувствуваше поддршка од тренерот. Ако немате доверба во фудбалерот, тогаш тој нема да има енергија и мотивација. Сега Погба е на слобода, прави што сака и среќен е“, вели Ибра.